Михаил Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, реагира за оценката на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „војната во Украина би можела да потрае до 2030 година и таа може да остане без половина територија“, како и за неговото барање за укинување на санкциите против Русија.
„Орбан вели дека ќе се бори за укинување на санкциите против Русија. Да ги наречеме работите со вистинското име: Унгарија е тројански коњ и бара колапс на ЕУ на сметка на европските даночни обврзници. Орбан ја мрази Украина и сонува за ‘руски свет’ во Европа. Дали ЕУ треба да финансира ваков вид на субверзија?“, прашува Подолјак.





