Унгарскиот премиер интервју за радио станицата Кошут изјави дека санкциите против Русија не ја постигнале целта бидејќи не помогнале да се реши ситуацијата во Украина.
„Кина победува, САД не губат, а Европа страда. Поради санкциите Кина доби повеќе руски стоки по намалени цени“, изјави Виктор Орбан за санкциите против Русија.
„Европската политика си пукаше во белите дробови, не во ногата, па сега се гуши поради недостигот на енергија. Во некои земји нема да има гас, додека други земји ќе имаат гас но ќе биде многу скап. Орбан ја коментираше економската ситуација во Европа.






