Европската унија треба да ги укине санкциите против Русија до крајот на оваа година, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува весникот „Маѓар Немзет“, а пренесува Блумберг.
Орбан им рекол на своите пратеници на состанок зад затворени врати дека санкциите ѝ наштетиле на европската економија повеќе отколку на руската и дека нивното повлекување ќе ја скроти инфлацијата и ќе го намали ризикот од рецесија, објави весникот, но не наведува извор.
Унгарскиот премиер рекол дека санкциите на ЕУ ги зголемија цените на бензинот и инфлацијата, и ако овие мерки се укинат, цената на бензинот веднаш ќе се намали за 50%, додека инфлацијата исто така ќе падне.
Без санкции, Европа би можела да ја врати силата и би можела да ја избегне претстојната рецесија, во извештајот се цитира Орбан, повторувајќи го неговиот претходен став дека санкциите и штетат на Европа повеќе отколку на Русија.
Орбан на неговата Фејсбук страница објави: „Санкциите од Брисел ја турнаа Европа во енергетска криза“.






