Унгарскиот премиер Викрор Орбан смета дека „само Германците или Французите можат да го променат ставот на ЕУ за санкциите“, кои главно одатр на штета на Европа.
Тој вели дека може да влијае само да се ублажат последиците од санкциите во Унгарија, но ништо повеќе.
Некој од раководството на ЕУ треба конечно да каже „Луѓе, сè уништивме, време е да престанеме“, бидејќи проблемите предизвикани од санкциите само ќе растат.
„Доколку тоа се случи, цените на енергенсите веднаш ќе паднат, а инфлацијата ќе се преполови со нив“, рече Орбан.
Тој уште еднаш повтори дека Европа е најголемиот губитник од конфликтот во Украина и од санкциите наметнати на Русија и дека САД имаат само корист од ова.
„Од економска гледна точка, единствениот или барем главниот губитник во војната во Украина е Европа“, додавајќи дека „Америка дефинитивно победува“ и дека „дискутабилно е дали Русија ќе победи или ќе изгуби“, изјави Орбан.






