На прес-конференција во Будимпешта, денеска унгарскиот премиер го коментираше барањето на Русија испораката на руски гас да се плаќа во рубљи.
„Ако Русите побараат, ние ќе платиме во рубљи“, рече Орбан.
Тој информираше дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и побарал од него да спроведе прекин на огнот во Украина.
Орбан го поканил Путин на мировни преговори во Унгарија, кои ќе се одржат со украинскиот и францускиот претседател, како и со германскиот канцелар.
Соопшти дека одговорот на Путин бил „позитивен“, но дека Путин рекол дека ќе има одредени услови…






