Оптимистот Заев контра песимистот Макрон

По изјавата Еменуел Макрон дека е скептик околу проширувањето на ЕУ, експресно реагираше премиерот Зоран Заев кој на францускиот претседател му порача дека ЕУ нема да ја биде без проширување.



„Европа нема иднина без проширување“, порача Заев и му псочи на францускиот претседател дека „овој факт го знаат и земјите-членки на Европската унија“.

Реакцијата на Заев доаѓа како одговор на остриот говор на Макрон, кој изјави дека е против проширувањето ако претходно не се спроведат реформи за функционирањето на институциите на Унијата. Северна Македонија не бара веднаш да стане членка на ЕУ, додаде Заев, туку само да ги започне разговорите како награда за решените политички прашања.

„Јас сум скептичен во врска со приказната за иднината на ЕУ со нејзината експанзија, во ситуација каде што гледаме дека меѓу 28 земји не може да се направи договор. Одбивам секакво проширување пред да има длабоки институционални реформи на ЕУ“ рече Макрон.