Оптимистот, песимистот, реалистот и елката на Данела во ФБ-објавата на денот

Сценаристот, писател и дежурен мајтапчија на Фејсбук, Владимир Божиновски, во објавата на денот на маестрален начин го опиша чудото што осамна на плоштадот „Македонија“ во Скопје, кое некои го нарекоа шатор, а за Градот Скопје, предводен од Данела Арсовска е новогодишна елка.



„За оптимистот, елката во Cкопје е половина накитена. За песимистот е половина ненакитена. Реалистот е веќе иселен и се чуди со шо се занимаваме“, во свој стил коментира Божиновски.