Општина Ѓорче Петров забрани сушење облека во дворови со поглед на улица или плоштад!

Општина Ѓорче Петров донесе одлука за измена и дополнување на одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, според која во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад не е дозволено сушење облека.



За непочитување на одредбите од овој член на одлуката, на сопствениците/корисниците на местата, комуналниот инспектор на општината или комуналниот редар ќе им изрече глоба согласно Законот за комуналните дејности, се заканија од Општината.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, порача градоначалникот Александар Наумовски на Фејсбук.

Неговата објава предизвика лавина реакции на (со)граѓаните, со заеднички именител дека „градскиот татко“ од СДСМ и неговите соработници ги решија сите проблеми во општината, па се фатија за сушењето на облеката.