Општина Гази Баба ќе испрати помош за Словенија

Општина Гази Баба ќе донира финансиска помош во Словенија, информираше градоначалникот Бобан Стефковски
-Попладнево оддржав средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Република Словенија во Република Македонија. На средбата се информирав за состојбата во која се наоѓаат најпогодените места во Словенија, а вооедно истакнав дека општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе, подготвени да помогнат на засегнатите граѓани, вели тој.



Како што додаде дека ќе поднесе иницијатива до Советот на општина Гази Баба за доделување на финансиска помош за Република Словенија, а во консултација со надлежните институции ќе ја разгледаме можноста за испраќање на два тимови кои ќе помогнат во справувањето со последиците, додаде Градоначалникот.