Манифестацијата „Илинденски марш“ со над 40-годишна традиција нема да згасне по одлуката на Министерството за култура да не го финансира, откако градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, најави дека општината целосно ќе ги покрие трошоците.
„’Илинденски марш“ е завет од нашите предци и неговата важност за Аеродром и за Македонија е голема. Поради ова, ќе предложам Советот на Општината да донесе одлука со која во целост финансиски ќе застанеме зад овој проект, кој е доказ за истрајност од ропството во борбата за слобода, симбол на сеќавањето на македонската револуционерна борба и до денес на автентичен начин ја пренесува приказната за храброста и себепочитувањето“, порача Муцунски.






