Илјадници демонстранти, приврзаници на опозицијата, денеска ја опколија зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка на владата и предвремени избори.



Демонстрантите, исто така, ја обвинуваат владата за корупција и врски со криминалот.

Зградата на Парламентот е обезбедувана од стотици полицајци, и е обиколена со бодликава жица.

Агенцијата АП потсетува дека демонстрантите ја победија полицијата за време на претходните протести.

ААлбански медиуми објавија дека Тирана од раните утрински часови практично е под полициска опсада, бидејќи тоа паралелно со седницата на Собранието се закажани и протести на опозицијата.

Пратениците на мнозинствотовлегуваа во зградата на парламентот еден час пред седницата за да избагнат контакт со демонстрантите.

Медиуми известуваат дека граѓаните не смеат слободно да се движат на улиците на албанскиот главен град.