Денеска, во населба Аеродром во Скопје, во присуство на амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Чанг Зуо и голем број бизнис партнери и соработници, свечено беше пуштен во функција првиот продажен салон на Deye и Jinko Solar, во кој што граѓаните и компаниите ќе можат да се снабдат со опрема за поставување фотоволтаични централи. Компанијата Greemak Group, која што веќе 10 години е генерален застапник за уреди за климатизација од најголемиот светски производител на клима уреди Gree Eletric Appeliances, го прошири своето продажно портфолио со опрема за искористување на сонцето и дневната светлина за производство на електрична енергија.
Greemak Group стана овластен дистрибутер за Македонија, Косово и Албанија за производите на компанијата Deye чија што програма се состои од инвертери за фотоволтаични централи, литиумски батериии за складирање на електричната енергија и сет бојлери за санитарна топла вода со топлинска пумпа кои можат да се снабдуваат со сончева енергија, како и овластен дилер за Македонија за компанијата Jinko Solar која произведува соларни панели.
![]()
Jinko Solar за чии панели Greemak Group е овластен дилер, е една од најпознатите и најиновативни компании за соларна технологија во светот. Во моментов, производите на Jinko Solar опслужуваат повеќе од 3 000 клиенти во повеќе од 160 земји и региони ширум светот, а компанијата е рангирана како број 1 во глобалните испораки на модули од 2016 до 2019 година. До крајот на 2022 година, кумулативните испораки на модули на Jinko Solar надмина 130 GW. Компанијата Deye, пак, е на пат да стане водечки бренд во индустријата за еколошки уреди со висока класа.
„Зелената револуција, особено во енергетиката, во светот трае веќе две децении и земјите настојуваат што е можно повеќе да ги искористат обновливите извори на енергија. Кризата во енергетиката, недостигот на одделни енергенси и следствено на тоа високите цени на струјата, во центарот на вниманието и во нашата земја ја ставија зелената агенда, односно потребата од инвестирање во обновливи извори на енергија. Евидентно е дека и кај нас расте интересот за инвестирање во фотоволтаични централи, особено со направените измени во законската регулатива со кои се поедностави постапката за индивудуално производство на струја. Слушајки ги и желбите на нашите досегашни клиенти кои всушност го следат трендот и бараат начин како да ги намалат трошоците за електрична во своите домаќинства, Greemak Group се одлучи да инвестира во нова категорија производи и со тоа да го даде својот придонес во енергетската трансформација на земјата кон чисти извори на енергија со понуда на опрема за изградба домашни централи, во домаќинствата и кај фирмите, за производство на електрична енергија. Притоа, сакаме да пренесеме и кај нас дел од искуството на Република Кина која е лидер во искористувањето на сонцето и која има најголеми инсталирани капацитети за соларна енергија во светот и е најголем производител на соларни панели во светот“, истакна Горан Вуковајац, генерален менаџер во Greemak Group.
![]()
Во новиот продажен салон посетителите, освен што ќе можат да се запознаат со новата програма, ќе можат да се консултираат и за избор на пакет за домашна централа, а Greemak Group на заинтересираните ќе им нуди и посредување при изработка на проект и ќе се нуди монтажа на опремата.
Во земјава е евидентно дека расте интересот за искористување на сонцето за производство на електрична енергија, како за изградба на оние помалите, така и за поголеми фотоволтаични централи.
Процедурата за поставување на помалите централи – до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение за градење од локалната самоуправа, а инвеститорите е потребно само да ја известат Општината.
Кога станува збор за поголемите, Регулаторната комисија за енергетика ланската година има издадено 267 лиценци за фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати, а само во јануари уште за 26. Струјата од Сонце се покажа и како главен штит на приватниот сектор во борбата против високите цени на енергијата, зголемена конкурентност, раст и развој.




