На излогот на позната пекарница во населбата Ѓорче Петров, вчера беше истакнато известување дека дуќанот денеска нема да работи поради тоа што продавачката ќе скока по крстот за Водици, објави Плусинфо.
Ваквата симпатична порака предизвика низа позитивни реакции на социјалните мрежи, па голем број од корисниците ѝ посакуваат среќа на продавачката.






