Ли Џеј-мјунг, лидер на главната јужнокорејска опозициска Демократска партија, бил нападнат од неидентификувано лице, јавува Ројтерс.
Политичарот бил хоспитализиран 20 минути по нападот при свест.
За време на неговата посета на пристанишниот град Бусан во југоисточниот дел на земјата, Ли беше прободен со нож во вратот.
Осомничениот е во притвор.
Ли не е член на парламентот на Јужна Кореја, но се очекува да се кандидира на следните парламентарни избори што ќе се одржат во април 2024 година.






