Опозициската Нова демократија на Киријакос Мицотакис води со речиси 10 % пред валедјачката СИРИЗА покажуваат анкетите парламентарните избори што треба да се одржат на 7 јули.
Предноста од 9.8 % пред партијата на премиерот Алексис Ципрас значи дека опозициската Нова демократија ќе освои мнозинство од 154 места во идниот состав на парламентот кој има 300 седишта.
Анкетите покажуваат дека СИРИЗА би имала 75 места, половина од сегашните.
Според истражувањето направено за весникот „Прото тема“ која ќе биде објавена во неделното издание, на трето место е КИНАЛ со 22 парламентарни места, комунистичката ККЕ-15, неофачистѕичката Златна зора и партијата на Јанис Варуфакис МПЕ25 по 12, а партијата Решение за Грција – 10.
Партиите на „Независни Грци“ на Панос Каменос и и „Потами“ на Теодоракис, веројатно нема да го поминат изборниот праг од 3 %.





