Опозицијата не признава пораз во Белград

Коалиција „Србија против насилство“ синоќа објави дека вледејачката Српската напредна партија (СНС) – матичната партија на Александар Вучиќ – обвини дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани.



Врз основа на 81 процент од преброените гласови во Белград, синоќа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“  има 21.000 гласови повеќе од нашата листа, соопштија коалицијата „Србија против насилство“, ренесе N1..

„Според информациите на опозицискиот блок, издадени се 40 000 лични карти за луѓето да дојдат да гласаат со белграѓани. Луѓето кои не се од Белград беа донесени да гласаат во Белград“ изјави Мирослав Алексиќ еден од лидерите на опозициската коалиција.

Тие синоќа побараа поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание. Побараа и „прочистување на избирачкиот список“ и најавија протест.

Како што најавија, протестот ќе почне денеска во 18 часот пред зградата на градското собрание во Белград, а ќе продолжи пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК).