Во тек е жестока расправа Законодавниот дом околу тоа кога и која седница треба да биде ставена на дневен ред и според досегашниот тек, многу е неизвесно дали вечерва ќе бидат усвоени мерките од петтиот пакет за помош на стопанството.
Спикерот Талат Џафери во 20:50 часот најави почеток на 32-рата седница. На ова реагираше координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на 32-рата седница, и побара да почне расправата по 36-тата седница и да бидат донесени мерките, пренесе ТВ21.
„Господине Џафери, треба да престанете и барем еднаш да бидете на висината на задачата, и треба да престанете да ги држите граѓаните и стопанството во неизвесност, поради вашите внатрепартиски тензии. Ние сме тука, час и пол ве чекаме. 32-та седница ќе ја напуштиме, и ќе чекаме пред вратата да не повикате за да влеземе за 36-тата седница. Да им биде јасно на граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ е цел ден во Собранието, и чека да ја почнете 36-тата седница за законите од економскиот пакет кои ги чекаат граѓаните. Ние ќе ја напуштиме салата, а откако сега ќе утврдите дека нема кворум, прекинетете ја 32-седница, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е надвор, и чека да ги викнете за 36-тата седница и да ги донесеме мерките кои ги чекаат граѓаните“, истакна Мицевски.
Џафери, во расправата со висок ред инсистираше да се одржи 32-та седница, за која како што рече присуство пријавиле 101 пратеник кои како што рече – за тоа ќе си наплателе седници.
Мицкоски му реплицираше и побара претседателот на Собранието да констатира дека парламентарното мнозинство не може да обезбеди кворум за 32- седница и да ја прекине.
Веднаш потоа да ја свика 36-та седница на која се законите од петтиот сет мерки за помош на стопанството во економската криза.
Џафери останува на ставот дека ќе ја закаже 36-та седница кога тој ќе оцени…







