По осми пат, денеска се одржа протест во Тирана на кој учесниците го повикаа премиерот Еди Рама да поднесе оставка и да се формира преодна влада за спроведување фер и демократски избори.
Учесниците на протестот извикуваа „Рама, оди си“ и се судрија со полицијата вобид да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на албанскиот парламент и фрлаа чадни бомби врз полицијата, пренесе АТА.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека во јуни ќе бидат одржани локални избори во Албанија, без оглед на тоа дали опозиционата странка ќе учиствува во нив.
Рама истакнал владата има обврска никој да не се спречи да учествува на изборите, но и да не може никој да присили да учествува на изборната трка.
Според неговата оценка, ако опозицијата учествува на изборите ќе доживее дебакл.
Рама рекол дека опозицијата сака „само проблеми, јајца и боја“, а посебно црна, мислејќи на црната боја која демонстрантите мината недела ја користеа за бојадисување на албанското МВР во Тирана.




