Албанската опозиција му предложи на Собранието да формира Анкетна комисија за работата на Комисијата за инфективни болести бидејќи таа комисија не ги исполнила очекувањата за справување со пандемијата поради политизација.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, зборувајќи во име на коалицијата вели дека не може да се дозволи пандемијата да продолжи да се шири како што е сега, додека Комисијата „гледа со скрстени раце“.



„Секое државно тело што прави некомпетентни чекори во догледно време, тогаш исто така треба да има одговорности. Ние како пратеничка група ја покренавме оваа иницијатива и се надевам дека Анкетната комисија ќе биде прифатена и ќе започне со работа. Комисијата е крајно партизирана. Има партиски членови на двете владејачки партии СДСМ и ДУИ. Македонија е единствената земја која сè уште нема стратегии и алгоритми за тоа како да се справи со оваа ситуација“, рече Арбен Таравари, генерален секретар на АА, пренесе Фактор.

ВМРО-ДПМНЕ од минатата недела предлага предлог-закон за формирање специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии.