
Возилото марка „ауди“ црна боја со кое се превезувал напаѓачот на Раде Трајковски Штекли и неговата „десна рака“, е пронајдено во скопското село Бојане, дознава „Слободен печат“.
Минатитот вторник, во Трговскиот центар „Ист Гејт“, непознато лице пукаше кон Раде Трајковски-Штекли и уште едно лице при што беа тешко повредени. На нивото „минус еден“ од трговскиот центар каде се беше обидот за ликвидаци, пронајдени се седум чаури од куршуми.
По една недела помината во болница, вчера попладне Раде Трајковски Штекли е пуштен на домашно лекување. Состојбата на Штекли е стабилна иако му е остранет дел од белите дробови.
Придружбата на Штекли, второ повредениот во нападот во „Ист Гејт“, Димитар Трајчов викан Колумбо синоќа се разбудил од кома и е во стабилна состојба.





