Оперативец на АНБ во Битола ја бранел Шекеринска од транспарент: „Засрами се“

Оперативец на Агенцијата за национална безбедност во Битола испрашувал активисти на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола кои тргнале да протестираат против посетата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Битола поради сликањето пред симболот на УЧК.



Оперативецит на Службата за државна безбедност се вмешал во обид да ги спречи да отидат на јавен настан на кој веќе имало други луѓе и да ја заштити Шекеринска, иако за тоа нема никакви овластувања кога се работи за јавни собири, обвинуваат очевидци на настанот.

Во видеото кое се најде на социјалните мрежи се слуша како оперативецот ги испрашува членовите на УМС ВМРО-ДПМНЕ од Битола, иако за тоа нема овластување.

По најава на партиското обезбедување на СДСМ дека УМС се ближи до местото каде што Радмила Шекеринска требаше да држи говор, оперативецот на АНБ ги запира членовите на УМС, кои носеле транспарент со порака „Засрами се“, тврдат очевидци.

Оперативецот на АНБ од страна на момчињата е информиран дека нема овластување да ги испрашува по што тој повикува позорникар кој ги легитимира.

Во видеото се слуша како оперативецот ги прашува момчињата за работи за кои апсолутно нема никакво право да добие одговор.

Правото на мирен протест е уставно загарантирано право.