Стабилизирана Македонија е во несомнен интерес на Бугарија, а процесот на пристапување на европската интеграција ќе обезбеди квалитетно нова основа за билатералните врски. Ова се наведува во редовниот извештај на Институтот за социологија „Иван Хаџиски“ од Софија.
Од грчко-македонскиот договор, геополитички корисник е НАТО, а главниот губитник – Русија, се вели во извештајот според кој „православната врска“ – Грција-Македонија-Србија, се прекрши во центарот. Србија, најблискиот пријател на Русија, останува во дворот на НАТО.
Грција (под надворешен притисок) го потпиша договорот, но во неговите рамки и контекст ги постигна сите свои цели.
Ова се „совпадна“ со излегувањето на Грција од „спасувачката програма“ и одлуката на доверителите за олеснување на грчкиот долг, се вели во извештајот
Опасноста од распаѓање на Македонија е намалена. Ова е корист за Македонија и за Бугарија. Стабилизираната Македонија е во несомнен интерес на Бугарија. И процесот на пристапување на европската интеграција ќе обезбеди квалитетно нова основа за билатералните врски.
Ви извештајот и околу бугарскиот историски интерес во Македонија се вели: „Сега одбраната на бугарскиот интерес останува на добрата волја на грчката и на македонската елита“, пренесува БГНЕС.





