Опасниот „делта плус“ вирус може да стигне и во Македонија!

Епидемиологот Др Драган Даниловски, предупредува дека по Хрватска и во Грција,(а според српските епидемиолози и вирусолози, и во Србија), постои можност „делта плус сојот кој преставува опасна мутација да биде детектирана и кај нас.



„Од досега расположливите податоци е заклучено дека делта плус сојот е за околу 10 проценти позаразен од делта сојот“ – вели Др Даниловски за Фактор.

„ Се претпоставува дека стекнатиот имунитет со прележување или вакцинација сѐ уште заштитува и од него. Бидејќи сите земји во светот сме делови од еден затворен систем на врзани садови, неизбежно тој ќе се прелее и кај нас. “ вели Даниловски кој вели дека не може да се претпостави кога тоа ќе се случи.

Епидемиеологот смирува дека во случај бранот на делта плус се засили бројот на заразени ќе оди во нагорна линија, но смета дека досега создадениот колективен имунитет кој го имаме во Македонија, што од опфатот со вакцинација, што по природен пат, нема да направи оптоварување на здравствениот систем повторно, како што тоа беше случај во пролетниот период, кога имаше и повеќе од 1.500 хоспитализирани пациенти поради компликациите од ковид-19.