Три години откако стана градоначалник на Скопје Шилегов реши во екот на кризата со коронавирусот да го решава сообраќајот во една од најфреквентните улици во Скопје каде како население и бизнис заедница доминира албанското малцинство.
“Заштитна бетонска банкина на ул. Цветан Димов во Чаир. Ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Особено на најмладите и на пешаците.
Веќе од утре, започнуваме со декорирање на банкината. Младите скопски графитџии ќе направат прекрасна галерија”, објави градоначалникот Шилегов на фејсбук и веднаш предизвика поделени реакции кај граѓаните.
За разлика од тие што ја поздравуваат акцијата други жители на Чаир на социјалните мрежи се противат на проектот и најавуваат акција контра поставените бетонски огради на улицата.
“Zemi kaj majka ti stavi gi ovie sve po spisok da ti go e**m ako e za da stavis red. zosto ne gi stavis u centar ili u karpos ama ne so albancite sakas da igras k*r ???”, пишува жител на Чаир на постот (пренесено во оргинал) на Шилегов на Фејсбук.
“Не си играјте со нашето трпение за прљавите политички пресметки меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на наш грб. Ако сме Албанци не сме глупави да не можеме да видиме дека СДСМ сака да предизвика меѓуетнички конфликт во Чаир за да бараат одговорност од министерот за полиција Чулев и да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека не го спроведува законот”, вели еден екс локален функционер на една од албанските партии кој живее во Чаир.
“Се плашам дека вечерва ќе заиграат копачи и ќе се запалат багери”, предупредува денеска Чаирчанецот.
Според повеќе жители на овој дел од Скопје иако на улицата Цветан Димов има проблеми сега владејачката партија ги користи сите иструменти кои се на располагање за да креира вештачки кризи и таму каде што нема простор за тоа.
Неофицијални информации велат дека за денеска во попладневните часови, односно за време на полицискиот час ќе се случат и протести.
Во овој контекст за многу граѓани се отвора дилемата: Дали СДСМ преку Петре Шилегов свесно провоцира кршење на полицискиот час? Или пак целта е да се повторат масовните настани од претходните денови, па одговорност да се префрли на полицијата, а и свесно да се влијае на ширењето на заразата од COVID19?





