Четири бебиња починаа од голема кашлица на Институтот за мајки и деца во Белград, едното дете е на вентилатор, што значи дека е многу ранливо, а половина од децата кои боледуваат од оваа болест се хоспитализирани, пренесе Б92.



Во Србија веќе подолго време беснее голема кашлица, а веста дека четири бебиња починале од голема кашлица во Белград ги потресе сите.

„За жал, малите деца, доенчињата до 4 месеци може да развијат многу тешка клиничка слика, која кај нас заврши со смрт на четири деца – кажа проф. д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и управител на клиниката за детски болести при Институтот за здравствена заштита на мајки и деца на Србија „Д-р Вукан Чупиќ“.

Има околу 70 деца со голема кашлица, половина од нив се хоспитализирани и тоа укажува на зголемување на децата со тешка клиничка слика – вели д-р Вукомановиќ.

„Нема подобра одбрана од вакцинацијата“ вели фрофесорот според кој тоа е  единствениот начин да се спречи болеста.

Имунизацијата е задолжителна и започнува во вториот месец од животот и не треба да има никаква бариера за правилно вакцинирање на децата, апелира д-р Вукомановиќ.