Новинарот на БИРН, Владо Апостолов, вчера бил повикан во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал откако завчера објави интервју со сопственикот на фирмата „Секјуриком“, Волфанг Гампер.
БИРН не објавува повеќе детали за својот новинар.
Австрискиот бизнисмен се наоѓа во бегство откако се соочи со обвинение во врска со десет милионскиот тендер за чистење на владините простории од 2015 година.
Во новото интервју Гампер зборува дека актуелната македонска власт му изнудувала пари во замена за слобода.
Гампер летоска мистериозно ја напушти земјата и сега се бара со меѓународна потерница.
Повеќе детали за случајот
Австриски бизнисмен: Македонските власти ме рекетираа за да не одам в затвор




