На денешната заедничка пресконференција со премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска и ја претстави на учениците, родителите и наставници Националната платформа за онлајн настава.



Онлајн наставата обезбедува учење на пет јазици – македонски албански турски, српски и бошњачки, изјави денеска минситерката за образование Мила Царовска која ја претстави националната платформа за учење од далечина. 

Но, одговорајќи на новинарско прашање, Царовска посочи дека моментално окоу 40.000 ученици не ја поседуваат потребната технолошка опрема за настава на далечина, поради што ќе им бидат достапни снимени материјали од часовите кои ќе се емитуваат на националната телевизија.

„Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат“, истакна Царовска во одговор на новинарско прашање.