Во вечерашното гостување на ТВ Телма, пратеникот Влатко Ѓорчев изјави дека согласно законите е тоа што претседателот Ѓорѓе Иванов не ги потпишува законите на кои пишува на кои стои Република Северна Македонија.
„Иванов со постапките кои ги презема ги претставува граѓаните на Република Македонија. Тој беше избран за претеседател на Република Македонија. Претседателот се заколнал пред Уставот на Република Македонија. Иванов одбра да не ги потпишува законите, повелете гласајте ги втор пат да видиме дали претседателот ќе ги потпише. Она што го прави Иванов е согласно законите и Уставот“, рече Ѓорчев.





