ОН: Туризмот изгуби 320 милијарди долари

Епидемијата на коронавирус доведе до загуби во меѓународниот сектор за туризам во вредност од 320 милијарди долари. Ова е трипати поголема загуба предизвикана од онаа за време светската економска криза во 2009 година, според Светската организација за туризам на Обединетите нации (UNWTO).



Бројот на туристи е намален за 300 милиони заради наметнатите ограничувања и практично целосно затворање на државите.

Во периодот јануари – мај, туристичките патувања во странство низ целиот свет се намалија за 56% во однос на истиот период лани. Бројот на патувања само во мај се намали за 98% во однос на мај 2019 година.