Во сите поголеми градови во Западен Балкан луѓето се соочуваат со алармантни нивоа на загадување на воздухот што гo намалува животниот век, бидејќи недоволно развиениот, политички кревок регион сè уште е многу зависен од горењето јаглен за производство на енергија, објави ОН.
Извештајот е подготвен во соработка со СЗО и институциите за контрола на квалитетот на воздухот во Македонија, Албанија, Босна, Косово, Црна Гора и Србија. Тој е базиран на податоци собрани најмалку 274 дена годишно.
Петнаесетте активни електрани на јаглен, во пет западнобалкански земји, пумпаат значителни количества сулфур диоксид, азот оксид и прашина или честички во воздухот. Исто така, дури 88% од 7,3-те милиони згради во регионот користат децентрализирани системи за греење, кои неефикасно ја користат енергијата.
Во анализираните 18 големи града, загадувањето на воздухот предизвикува значителен број предвремени умирања. Во просек, се вели, 26.000 години живот биле загубени во последнава деценија поради загаденоста на воздухот. Сите овие умирања се случиле пред возраст од 65 години, пренесува МКД.МК.





