Обединетата македонска организација „Илинден“ се обрати до Бугарската национална телевизија (БНТ) со писмено барање на државната ТВ-куќа да се воведат вести и на македонски јазик, објави на Фејсбук претседателот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков-Војводата.
„Слобода, Еднаквост, Братство!!!
Дали Бугарија ќе почне да се демократизира???
ОМО ‘Илинден’ со поздрав, со аплаузи и писмо до БНТ 1.
Во врска со одлуката на раководството на државната телевизија БНТ 1 (Бугарска национална телевизија – Канал 1) вестите во најскоро време да се емитуваат на 6 (шест) јазици – украински, турски, руски, српски, романски и англиски, ОМО ‘Илинден’ од Благоевград излезе со барање до БНТ 1 да има вести и на македонски литературен јазик на БНТ 1!“, стои во објавата на Кирјаков.






