„Омлет“ во Софија: 103 дена протести против власта


Протест проследен со традиционална музика и вувузели и денеска, по 103 пат по ред, се одржа во центарот на Софија.



Нешто пред 21 часот (бугарско време), демонстрантите се упатија кон зградата на Министерството за одбрана каде по најавата дека ќе направат „омлет“, фрлаа јајца кон зградата на минисерството, јави БГНЕС.

Луѓето носат и макети на авиони, иронизирајќи ја зделката за купување американски ловци Ф-16, објави БНР.

Барањата на демонстрантите остануваат исти – оставка на третата влада на премиерот Бојко Борисов, проследена со предвремени парламентарни избори и оставка на генералниот обвинител Иван Гешев.