Според светските медиуми, Нигерија го открила сојот омикрон во примероците земени во октомври, што во голема мера го менува досегашното знаење за оваа варијанта на коронавирус, јавува Б92.
Светската здравствена организација неодамна за прв пат се огласи со конкретни информации, но и инструкции за новиот сој, кој досега е откриен во повеќе од 20 земји во светот.
За разлика од првите соопштенија откако сојот беше откриен во Јужна Африка, а потоа пристигна во Европа, а во кои експертите на таа светска организација беа нејасни, сега се даваат поконкретни детали, но и прогнози кои не се ветувачки.
СЗО предупредува дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта кои се уште се истражуваат, тој може да има сериозни последици.
„Омикрон има невиден број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата“, соопшти СЗО, додавајќи дека веројатноста за „потенцијално натамошно ширење на мутациите е голема“ на глобално ниво.







