Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) го класифицираше новиот вид на Ковид-19, откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки“ и високо пренослив.



Вирусот доби и официјално име – Омикрон, по буква од грчката азбука.

Тоа е првпат за неколку месеци СЗО да класифицира нов вид на вирус како таков.

Во истата категорија е и делта сојот што стана најзастапен во светот.

„Сојот B.1.1.529 првпат беше пријавен до Светската здравствена организација од Јужна Африка на 24 ноември 2021 година. Т

ој сој има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“, изјавија група експерти задолќжени од СЗО да следат развојот на К-19. Според Панелот раните податоци покажуваат дека овој вид има зголемен ризик од реинфекција.