„На македонците во Егејска Македонија им е забрането користењето на зборот македонска при регистрирање на малцинските организации, што претставува флагрантно кршење на правото на слободна асоцијација и изразување на културна автономија. Исто така, на македонците во Грција им е забрането формирање и регистрирање на македонска црква, што за една (не)демократска земја претставува брутално потиснување на верските слободни. Покрај фокусот на недемократските мерки на грчката влада против своите малцинства, писмото се осврна и на политичкиот притисок од страна на Атина врз македонските власти за промена на македонското име, идентитет и национална свест.
После многубројните уцени и вета Грција конечно успеа, на недемократски и суров начин, да принуди потпишување на капитулациониот Преспански договор, со кој се потиснува постоењето на македонскиот идентитет. Сите овие проблеми со исполнување на основни човекови права го доведуваат во прашање грчкиот статус како лулка на демократијата.
Ова е дел од писмото на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) и Македонско-Канадска Адвокатска Асоцијација (МКАА) испратено до престижниот американски весник „Њујорк Тајмс“ во врска со учеството на новинари од весникот во овогодинешниот Атински Демократски Форум. Форумот ќе се оддржи од 9-и до 11-ти Октомври во Атина, каде грчки интелектуалци ќе бидат придружени од истакнати новинари од Њујорк Тајмс и ќе дискутираат на теми поврзани со демократијата. Кликнете ОВДЕ за писмото.

ОМД – најголемата македонска организација во дијаспората, и МКАА – Канадско-Македонска асоцијација на повеќе од 70 успешни адвокати со македонско потекло, заеднички испратија протесно писмо до канцелариите на „Њујорк Тајмс“.
Во писмото двете организации посочуваат кон широко-распространетата лага дека Грција е лулка на демокартијата, и повикуваат на престижниот весник да покрене дискусија за грчкиот третман кон своите малцинства.
Во писмото се вели дека грчката држава, покрај својата само-идентификација како лулка на демократијата, со децении спроведува мерки кон македонското малцинство кои се спротивни на било кои демократски принципи, пренесува Опсервер.
„Поради овие причини, ОМД и МКАА се надеваат дека новинарите од престижниот Њујорк Тајмс нема да ги легитимираат апсурдните тврдења на грчките власти дека Грција е пример за демократско функционирање, и дека форумот за демократија во Атина ќе се искористи за осврнување врз горенаведените злоупотреби.