Омбудсманот бара одговорност од МВР за неиздавањето лични документи

Народниот правобранител Насер Зибери бара одговорност за застојот во вадењето на личните документи и регистарските таблички затоа што се ускратени елементарните човекови права.



МВР има рок од осум дена да одговори на прашањата на Народниот правобранител кои биле доставени вчера. 

Од МВР досега неколку пати извастија дека за некои документи има недостиг на обрасци, дека имаат проблеми со јавните набавки и дека во тек е надградба на системот на Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните со месеци се жалат дека не можат да закажат термин за вадење на лични карти и пасоши, а не може да извадат ниту регистарски таблички.