Оливер Спасовски нема проблем што сега е граѓанин на „северна” и во документите

Граѓаните со часови чекаат да се сликаат за нови лични документи, поради тоа што старите важат до февруари 2024 година без разлика кога ќе ваделе претходно.



Освен името на државата, во новите лични документи во делот за државјанство наместо „македонско“ сега ја соддржат и додавката „коса црта, граѓанин на Република Северна Македонија“. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека лично ги променил дел од своите документи, но оти не чуствува проблем што сега неговото државјанство е поразлично од она пред договорот од Преспа.

  • „Од Македонец станавте граѓанин на Република Северна, како се чуствувате за тоа? – Јас сум бил Македонец, сум сега и ќе бидам и понатаму Македонец заради тоа што тоа е ноторна лага и манипулација дека национална припадност не го означува државјанството. Македонско со тире, граѓанин на Република Северна Македонија. – Знаете ли друг пример што има тире во името на државјанството? – Има многу, ако погледнете аналитички, ќе пронајдете различни видови на лични документи, сите според своето уставно уредување“ – Одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Но тешко може да се пронајде пример каде државјанството е цела реченица или пак држава која користи интерпукциски знаци, како што е сега случајот со Македонија.