На средбата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, кој почна во 12 часот и на која требаше да се разговара за продолжување на вонредната состојба во земјава за наредните 30 дена, не се појавија техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
Ова, според Плусинфо, го потврдија од Кабинетот на претседателот.
Тројцата вчера беа на состанок со кумановскиот градоначaлник Максим Димитриевски, кој денеска соопшти дека е позитивн на ковид-19 и дека е во изолација.






