Олимписките Игри во Токио ќе се одржат без присуство на навивачи на трибините во спортските арени, одлучија денеска јапонските власти, како дел од мерките поради зголемениот број на заразени од коронавирус.
Веста беше потврдена од министерот задолжен за олимписките игри, Тамајо Марукава, по разговорите меѓу владата, организаторите и претставниците на Олимписките и параолимписките игри – иако ја остави отворена можноста некои места надвор од Токио сепак да имаат навивачи.
Јапонија вчера објави вонредна состојба поради новиот бран на заразени, по што за да не се ризикува уште поголемо ширење беше решено сите спортски натпревари на ОИ да се одржат без публика на трибините.
Ова е сериозен проблем ако се знае дека веќе се продадени вкупно три милиони влезници за сите натпреварувања, а дополнително ќе биде објавено кога и како ќе бидат вратени парите за овие билети. Гардијан






