Олимпијадата се поместува за една година

Организаторите на Олимпијадата во Токио и Меѓународниот олимписки комитет одлучија Игрите најголемата спортска манифестација во светот да се одложи за точно една година и да се одржи следното лето заради пандемија на коронавирус.



ЛОИ требаше да започнат на 24 јули годинава и да завршат на 9 август, а организаторите планираат Игрите да започнат на 23 јули 2021 година и да се затворат на 8 август, објавија јапонски медиуми.

Отфрлена е опцијата, Олипијадата да се одржи идната пролет, зашто организаторите и МОК инсистираат на традиционалните датуми на летните олимписки игри.

Претседателот на Организацискиот комитет Јоширо Мори рече дека конечната одлука се очекува да биде донесена до крајот на следната недела.