„Браво мали. Малиот Марко е шампион и останува за мене шампион… беа зборовите со кои олимпискиот шампион Шабан Трстена го поздрави малиот маратонец од Охрид, Марко пејчиновски, кој успеа да го сврти вниманието на јавноста со обидот да исплива 64 км ултрамаратон во Охридско Езеро, посветен на лицата со ретки болести.



„Навистина мали, ти имаш големо срце на овие 13 години, што си размислил со твоја идеја и визија како да помогнеш луѓе кои се борат за нивното здравје. Затоа си шампион и охридски херој.

Мали, јас сум оптимист дека ти во иднина ќе го реализираш овој твој сон. Браво за тебе, затоа што покажа голема храброст и со твојата хуманост си пример за многу богати луѓе. На крај, сакам да им порачам мојот совет на сите тие што работат со Марко, дека тој е сепак малолетно дете и грижата е голема и одговорноста припаѓа на вас. Затоа ве замолувам за сите подвизи на Марко, претходно да имате согласност од стручни лица во пливање, лекари и експерти кои ќе дадат позитивно мислење за вакви големи проекти. Да не заборавиме дека здравјето на Марко е најважно од сите негови подвизи“, вели Трстена.

Извор: Фокус