Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Македонија, а на аеродромот во Скопје беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи.



Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Официјално, канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Се очекува германскиот канцелар и неговиот домакин да разговараат за бугарската блокада на македонските интеграциии во ЕУ, во услови кога Бугарија е соочена со политичка криза по „де факто“ распадота на тамошната коалициска влада. По посетата на Скопје, Шолц заминува во Софија која е и последна дестинација на неговата балкансака турнеј за време на која ги посети Пиштина, Белград, учествуваше на самит на земјите од ЈИЕ во Солун, а денеска е во Скопје.

Германски ФАЦ оцени дека мали се изгледите германскиот канцелар да изнуди напредок во бугарско-македонскиот спор поради неприфатливите услови кои на Скопје му ги наметнува Софија.

ФАЦ: Може ли Скопје да им верува на германските канцелари

Веднаш по церемонијата на пречекот прад Владата, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.