Окупатори медиокритети бираат обвинители кои можат да се гонат по членот 353 од Кривичниот законик

Советот на јавни обвинители се дрзнал во услови кога има тотално разнишан легитимитет, да врши избор на обвинители во повеќе обвинителства низ Македонија, ја коментира денешната седница на ова тело адвокатот Војо Димоски кој беше јавен обвинител во Охрид но самиот си замина и одби да биде маша на политичко влијание.



,,Се разбира изборот е соодветен на моралното и стручно ниво на оние што избираа, па сосема очекувано меѓу избраните не е колешката Ленче Ристоска.

Затоа напредувале обвинители за кои на пример, постои сомневање дека со работењето го оштетиле буџетот на РМ и да не набројувам понатаму бидејќи помалку сум уморен од зборување на темата”, вели Димоски.

Еден од најсоодветните членови од Кривичниот законик за тие што направиле штета на државниот буџет е членот 353 со сите членови во него.

За Димоски пораката што ја испратил Советот е дека нема место за квалитетни кадри во Обвинителството.

,,Проблемот е што квалитетните кадри во сите варијанти ќе си го најдат својот пат, ама клучните државни органи ќе останат окупирани од медиокритети”, смета Димоски според кого чарето е во длабински и сеопфатен ветинг и само политичката партија која ќе даде сериозни гаранции за тоа, ќе го добие гласот од него.