Окрфордскиот научник Самуел Рамани ја пренесува картата на руските окупирани територии во Украина кои Москва ги нарекува Новорусија.
Картата оригинално ја објавил Александар Дугин кој се смета за идеолог на Кремљ и творец на новата руска меѓународна доктрина по доаѓањето на Путин на чело на Русија.
Според мапата која е идентична со плановите на руското министерство за одбрана, градот Одеса кој сега е под контрола на Украина треба да биде дел од руските окупирани територии во Украина или Новорусија.
Меѓу окупираните делови на друга држава од страна на Русија ја нема Транснистрија, регион во Молдавија каде се зборува на руски јазик
Мапата индиректно укажува на уште многу воени дејствија во кои ќе загинат илјадници а ќе бидат раселени стотици илјади луѓе.
Alexander Dugin shared this futuristic map which shows Odesa incorporated into Russian territory pic.twitter.com/KBmT6Os2vs
— Samuel Ramani (@SamRamani2) April 23, 2022
Мапата на Дугин е многу слична на картата на Новоруската губернија во времето на Руското царство од 1800 година







