По тврдењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека вакцината Астра зенека е „квази-ефикасна“ за луѓе над 65 години, Ендру Полард, еден од креаторите на вакцината на Оксфорд Универзитетот за радио Би-Би-Си изјави:
„Не разбирам што значи таа изјава. Поентата е дека имаме помалку податоци за постарите луѓе, поради што луѓето имаат помала доверба во нивото на заштита“.
Тој додаде дека имунолошкиот одговор кај постарите луѓе е многу сличен на оној кај помладите.
„Заштитата што ја гледаме оди во иста насока, таа е слична по интензитет“, додаде тој.





