Косовската полиција во моментов пребарува најмалку една локација во северниот дел на Косовска Митровица. Полицијата е пред станбената зграда во која живеел Милан Радоичиќ, пишува Нова.рс, повикувајќи се на Радио Контакт плус.



Најмалку три оклопни возила на косовската полиција се пред станбената зграда.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља пред неколку дена на својот Фејсбук објави видео од манастирот во кој се криеле напаѓачите, тврдејќи дека на видеото се гледа и Радоичиќ.

Свечља го обвини Радоичиќ дека е „водач на терористичка група и за нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку“.

Претреси има не се само во Косовска Митровица, туку и во Звечан и Зубин Поток.

Милан Радоичиќ е потпретседател на Српската листа која е на црната листа на САД и Велика Британија.