ОЈО за реакциите на новинарите: Митовски се гони според закон

По вчерашните реакции на новинарските здруженија и медиумски организации дека треба да се гони тој што ги изнел записниците, а не тој што ги објавил, во врска со поднесено против Александар Митовски од порталот Инфомакс за објавување на првата страница од исказот на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Рекет“,.Основното јавно обвинителство денеска преку соопштение го појаснува обвинението:



Според ОЈО, се работи за оддавање службена тајна!

Од ОЈО го цитираат Член 360 став 1 од Кривичниот законик според кој кривичното дело оддавање службена тајна „го сторува тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците кои претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице“, како и ставот 4 од истиот член на Кривичниот законик, каде с енаведува дека „како службена тајна се сметаат податоците или документите што со закон, со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон се прогласени за службена тајна и чие откривање има или може да има штетни последици за службата“, пренесува Нова ТВ.

Повеќе на ЛИНКОТ.