Меѓу приведените во акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) и Министерството за внатрешни работи, сде политичари, бизнисмени и инспектори дознава „360 степени“.
Од ОЈО ГОКК за „360 степени“ потврдуваат дека има реализација на акција под раководство на обвинител на ова обвинителство, но засега не даваат дополнителни детали за акцијата која сè уште е во тек. Најавуваат целосна информација во текот на денот.
Полициска акција: Се апсат функионери на ДУИ
Акцијата за „360 степени“ ја потврдуваат и од МВР.„Во моментов има претреси што започнаа утрово на повеќе локации главно во Скопје, но и во околината. Има неколку уапсени лица. Акцијата е во соработка со ОЈОГОКК. Се работи за организирана криминална група“, велат од МВР за „360 степени“.
И полицијата најави дека повеќе детали ќе соопшти подоцна.







