По приемот на кривичната пријава за несоодветен третман на отпад од страна на компанијата „Еко Клуб“ надлежен јавен обвинител издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки, информираат од обвинителството за МИА.
Предметот се наоѓа во предистражна постапка и Обвинителството засега не може да сподели повеќе детали.
Последната вонредна контрола на „Еко Клуб“ од Државниот инспекторат за животна средина спроведена лани на 12 декември не покажала неправилности. Неправилности во третманот со медицинскиот отпад утврдил инспекторатот на град Скопје од контролата извршена исто така лани во декември. Случајот уште тогаш бил пријавен во ОЈО.
После објавувањето на сите овие информации од страна на градоначалникот на Скопје Петар Шилегов, ОЈО информира дека спроведува предистражна постапка.





