Основното јавно обвинителство нема да поведе постапка против министерката за финансии Нина Ангеловска, која опозицијата ја обвинува дека ја злоупотребила функцијата за сознание дека на Еуростандард банка ѝ се подготвува одземање на лиценцата по што таа си го повлекла депозитот од таму.
„Обвинителството постапува само доколку има кривични дела, а овде нема елементи на кривично дело, затоа што тоа се пари на сопственикот“ велат од ОЈО за ТВ24.
Министерката Ангеловска денеска ги демантираше информациите околу повлекувањето на нејзини средства од „Еуростандард банка.
Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во „Евростандард банка“, истакна Ангеловска.
Поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев вчера изјави дека „ако нема кривично дело врз основа на закон, во секој случај овде има голем, голем етички проблем од страна на министерката“.






